Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на државниот секретар д-р Јовица Палашевски со Соња Божиновска Петрушевска, шеф на Канцеларијата на Меѓународната организација за миграции на Обединетите Нации во Скопје

Средба на државниот секретар д-р Јовица Палашевски со Соња Божиновска Петрушевска, шеф на Канцеларијата на Меѓународната организација за миграции на Обединетите Нации во Скопје

Денес, државниот секретар во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија д-р Јовица Палашевски одржа средба со Соња Божиновска Петрушевска, шеф на Канцеларијата на Меѓународната организација за миграции на Обединетите Нации во Скопје на која се дискутираше за соработката на МНРНТ и ИОМ во креирањето и спроведувањето на владините политики за соработка со дијаспората.

Палашевски го поздрави ангажманот на ИОМ во мобилизација на македонската научна дијаспора, проект на ИОМ преку кој се склучија неколку билатерални соработки помеѓу УКИМ и Тетовскиот Универзитет со странски универзитети на кои предаваат професори – Македонци. Воедно се заблагодари и за ангажирањето на експерти од дијаспората во подобрувањето на дел од законските и подзаконските акти кои произлегуваат како обврска на неколку државни институции согласно Реформската агенда.

На средбата се дискутираше и за претстојното одржување на Годишна конференција за дијаспората, настан што ќе го организираат МНРНТ во партнерство со ИОМ и со останатите организации активни во оваа проблематика.

Мени за пристапност