Државниот секретар при министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Јовица Палашевски оствари средба со Шефот на канцеларијата на Република Литванија во Скопје, Вилма Дамбраускиене. На средбата државниот секретар Палашевски и амбасадор Дамбруцкиене ги реафирмираа солидните билатерални односи кои во последните години бележат задоволителен тренд на соработка.
Државниот секретар Палашевски изрази задоволство од интензивниот политички дијалог кој се развива на највисоко ниво. Двете последи посети на министрите за надворешни работи Муцунски и Будрис во Вилниус и Скопје дадоа дополнителен позитивен ефект на меѓусебната соработка во области од взаемен интерес.Изразено е задволство од позитивината клима во односите меѓу двете земји и позитивниот ефект со отворањето на дипломатската канцеларија на Литванија во Скопје и одлуката за отварање на амбасада на нашата земја во Вилниус. Државниот секретар информираше за посветеноста на Владата на Република Северна Македонија, во однос на реформите поврзани со пристапниот евроинтеграциски пат во ЕУ како долгорочна надворешно политичка стратешка цел. Во оваа насока се пренесе големата благодарност на конзистетната поддршка на Литванија од позиција на земја која силно придонесува во групатра на земји “Пријатели на проширувањето“.
Шефот на мисијата Дамбаускиене ја потврди литванската поддршка и увери дека на претстојното литванско претседателство (прва половина на 2027 година) со Советот на ЕУ, ќе се залага прашањето на проширување биде приоритет. Амбасадорот Дамбаускиене се заблагодари за срдечниот прием и успешната неодамнешна посета на литванскиот МНР Кештутис Будрис на Скопје и дека унапредување на односите и соработка меѓу девте држави останува како идна приоритена цел на литванската страна.
Двете страни истакнаа дека ќе продолжат да работат на унапредување на односите со акцент на развој на економската и трговската размена како и на унапредување на културните врски и соработка во дигиталниот и енергетскиот сектор.