На 11 март 2026 во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија се одржа средба на Државниот секретар Елена Кузмановска Биондиќ со група на австриски амбасадори од земјите во Регионот и претставници на австриското министерство за Австриската делгација беше предводена од амбасадорката Улрике Хартман, раководител на одделот за Западен Балкан и проширување на ЕУ во австриското министерство за надворешни работи.
Двете страни ги потврдија одличните билатерални односи и економска соработка меѓу двете земји. Се разменија мислења за актуелните предизвици на политиката на проширување во дадениот геополитички контекст, соработка со земјите во Регионот и економскиот развој и безбедност. Македонските претставници дадоа пресек на актуелните предизвици на пристапниот процес, имплементацијата на реформската агенда и учеството во регионалните иницијативи. Во дискусиите преовладуваше силната поддршка на Австрија за ЕУ пристапниот процес на Северна Македонија според принципи на заслуги и постигнати реформски резултати. Австрија е дел од групата “Пријатели на Западен Балкан“ која е формирана со цел забрзување на ЕУ пристапниот процес и интеграцијата во ЕУ на земјите од Западен Балкан. Беше истакната потребата за натамошна надградба на концептот на градуелна интеграција и отворање на нови иницијативи кои ќе го забрзаат влезот на земјата во ЕУ, поактивно учество во политиките на ЕУ и постигнување на резултати кои ќе имаат директен бенефит за граѓаните.