Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на државниот секретар Палашевски со Аинхоа Фабрега Ларуцеа

Средба на државниот секретар Палашевски со Аинхоа Фабрега Ларуцеа

Во рамките на работната посета на Кралството Шпанија, државниот секретар во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, д-р Јовица Палашевски, оствари средба со генералната директорка за ЕУ и Југоисточна Европа во шпанското Министерство за надворешни работи, Европска Унија и соработка, Аинхоа Фабрега Ларуцеа.

Соговорниците ги потврдија пријателските билатерални односи и подготвеноста за продлабочување на политичкиот дијалог и соработката во економијата, образованието и културата.

Палашевски се заблагодари за континуираната шпанска поддршка на европскиот пат на нашата држава, нагласувајќи дека напредокот во пристапниот процес треба да се вреднува според постигнатите резултати, спроведените реформи и исполнувањето на објективните критериуми.

На средбата беа разменети мислења за актуелните европски и регионални предизвици и беше потврдена заедничката посветеност на меѓународното право и соработката во НАТО, како и натамошната поддршка на Шпанија за нашата европска интеграција.

Мени за пристапност