Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на министерот Муцунски со амбасадорите на ЕУ, Австрија и Грција

Средба на министерот Муцунски со амбасадорите на ЕУ, Австрија и Грција

Средба на министерот Муцунски со амбасадорите на ЕУ, Австрија и Грција

 Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари одвоени средби со амбасадорот на Европската унија, Михаил Рокас, амбасадорот на Австрија, Мартин Памер, и амбасадорката на Грција, Софија Филипиду.

 На средбите беа разменети мислења за реформските приоритети и евроинтегративниот процес на државата, со акцент на потребата од негово забрзување. Во таа насока, беше истакната важноста на засилената регионална соработка, размена на искуства и поддршка. 

 Во разговорите со амбасадорите на Австрија и Грција, соговорниците се осврнаа и на потенцијалите за унапредување на билатералните односи, особено во политичката, економската и трговската сфера.

Мени за пристапност