Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денес оствари средба со шефот на Канцеларијата на Амбасадата на Република Литванија во Скопје, амбасадорката Вилма Дамбраускиене.
По исклучително успешната мината година за билатералните односи со Литванија, министерот Муцунски го истакна неговото очекување за натамошна зајакната соработка со литванските партнери во надградба на позитивниот моментум и натамошно унапредување на заедничките приоритети во оваа година.
Притоа, беше разговарано за конкретни активности во претстојниот период, кои што ќе придонесат за продлабочување на политичкиот дијалог, проширување на областите на соработка и за создавање конкретни можности за деловните заедници на двете земји.
На средбата се разговараше за процесот на македонската интеграција во Европската Унија и континуираната литванска поддршка на тој пат, а особено во пресрет на претстојното литванско претседавање со Советот на ЕУ во првата половина од 2027 година.