Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со амбасадорката на Република Индонезија со седиште во Софија, Листиана Оперананта.
На средбата беа потврдени традиционално добрите и пријателски односи меѓу двете земји, при што беше изразен заемниот интерес и подготвеност за натамошно унапредување и продлабочување на политичката, економска и културна соработка.
Соговорниците изразија задоволство од конструктивната соработка меѓу двете земји на мултилатерален план, при што беше нагласена заедничката определба за продолжување на меѓусебната поддршка и координација во рамки на системот на Обединетите нации, како и во другите меѓународни организации и тела.
Воедно стана збор и за актуелни меѓународни и регионални случувања, како и за други прашања од заеднички интерес.