Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес оствари средба со амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас.
На средбата, министерот Муцунски изрази задоволство од континуираната поддршка на Унијата во спроведувањето на реформските процеси и во зајакнувањето на стабилноста на земјата. Воедно ја нагласи подготвеноста за натамошно продлабочување на партнерството.
Соговорниците разговараа и за текот на реформската агенда, како и за посветеноста на Владата на евроинтегративниот процес.