Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Соопштениe

Соопштениe

Почитувани,

Поради влошената безбедносна состојба во Мексико, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на оваа држава, истата да ја напуштат во прва можна и безбедна прилика.

Истовремено, се препорачува одложување на сите патувања кон Мексико кои не се од итен и неопходен карактер.

Министерството ги става на располагање сите свои капацитети за асистенција на државјаните на Република Северна Македонија, преку 24-часовниот СОС дежурен телефон: +389 75 268 736, електронската адреса: globalsos@mfa.gov.mk, како и преку дежурниот телефонски број на Дипломатско-конзуларното претставништво на Република Северна Македонија во Вашингтон: +1 (202) 758-7798 или на е-маил адресата: washington@mfa.gov.mk.

Министерството континуирано ја следи состојбата и навремено ќе ја информира јавноста.

Мени за пристапност