На 20 февруари 2026 г., беше одржана првата онлајн средба помеѓу Елена Кузмановска Биондиќ, државен секретар во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, како главен преговарач на тимот на Република Северна Македонија и Ајуб Абдулмалик Ахли, помошник потсекретар во Министерството за надворешна трговија, главен преговарач на тимот на Обединетите Арапски Емирати.
На средбата беше разгледан и усвоен Актот за правилата за работа (TOR) на Сеопфатниот договор за економско партнерство (Comprehensive Economic Partnership Agreement - CEPA) помеѓу Република Северна Македонија и Обединетите Арапски Емирати.
Сеопфатниот договор за економско партнерство (CEPA) е широк договор за слободна трговија на високо ниво меѓу земјите, дизајниран да оди подалеку од едноставно намалување на царините. CEPA опфаќа трговија со стоки и услуги, заштита на инвестициите, интелектуална сопственост и регулаторна соработка, со цел да се создаде стабилна, транспарентна и интегрирана економска средина.
Република Северна Македонија и Обединетите Арапски Емирати негуваат одлични билатерални односи во сите области, а со идното потпишување на Сеопфатниот договор за економско партнерство се очекува да се зголеми вкупната трговска размена, и ослободување од сите бариери во делот на инвестициите, услугите, земјоделството, политика на конкуренција, владини набавки и слично.