Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на министерот Муцунски со амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Метју Лосон

Средба на министерот Муцунски со амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Метју Лосон

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Метју Лосон.

На средбата се разговараше за активностите поврзани со спроведувањето на стратешкото партнерство меѓу двете држави, како и за можностите за понатамошно унапредување на соработката во повеќе области од заемен интерес.

Соговорниците ги потврдија одличните пријателски односи и билатералната соработка, со посебен фокус на економската соработка и потенцијалите во инфраструктурата, образованието и здравството, како области од значење за развојот и напредокот.

Воедно, беа разменети мислења и за актуелните геополитички случувања, со посебен осврт на состојбите во Европа и на Блискиот Исток.

Мени за пристапност