Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на министерот Муцунски со амбасадорот на Република Австрија, Мартин Памер

Средба на министерот Муцунски со амбасадорот на Република Австрија, Мартин Памер

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со амбасадорот на Република Австрија, Мартин Памер.

На средбата беа потврдени одличните билатерални односи и соработката меѓу двете земји, при што беше изразена заемна подготвеност за нивно натамошно продлабочување.

Разговорите беа посветени и на активностите што двете земји ќе ги реализираат во текот на годината, со посебен фокус на јакнење на економската соработка и интензивирање на политичкиот дијалог.

Соговорниците се осврнаа и на актуелните регионални и глобални прашања од заемен интерес.

Мени за пристапност