Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на министерот Муцунски со амбасадорот на Република Казахстан, Сатибалди Буршаков

Средба на министерот Муцунски со амбасадорот на Република Казахстан, Сатибалди Буршаков

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со амбасадорот на Република Казахстан во Република Северна Македонија, со седиште во Скопје, Сатибалди Буршаков.

На средбата беше потврдена добрата соработка меѓу двете земји, како и заедничката определба за натамошно продлабочување на билатералните односи.

Соговорниците разменија мислења за можностите за унапредување на економската соработка, зголемување на трговската размена и интензивирање на контактите во областа на енергетиката, образованието, културата и туризмот.

Воедно, беа разменети мислења и за актуелните регионални и глобални случувања од заемен интерес.

Мени за пристапност