Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје оствари средба со амбасадорот на Република Кипар во Република Северна Македонија, со седиште во Белград, Андреас Фотиу.
Двајцата соговорници се согласија дека добрите билатерални односи треба и можат да се продлабочуваат во насока на унапредување на соработката во области како економија, инвестиции, култура, образование и туризам.
Министерот Муцунски изрази благодарност за кипарската поддршка на патот на Република Северна Македонија кон Европската Унија. Притоа, посебен акцент стави на претстојното претседателствување на Кипар со Советот на ЕУ и очекувањата за значајна поддршка во нашиот евроинтегративен процес.
Разговорите опфатија и теми поврзани со актуелните регионални и геополитички прашања.