Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на министерот Муцунски со нерезидентниот амбасадор на ОАЕ, Абдула Али Атек АлСубуси

Средба на министерот Муцунски со нерезидентниот амбасадор на ОАЕ, Абдула Али Атек АлСубуси

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје го прими нерезидентниот амбасадор на Обединетите Арапски Емирати во Република Северна Македонија, со седиште во Рим, Абдула Али Атек АлСубуси.

На средбата беа разменети мислења за можностите за унапредување на билатералните односи, со посебен акцент на продлабочување на политичкиот дијалог, економската соработка и потенцијалот за зголемување на трговската размена и инвестициите. Двете страни нагласија дека посетата на високата владина делегација, предводена од премиерот Христијан Мицкоски во април, создаде поволни услови за интензивирање на соработката во повеќе области од заемен интерес и за продолжување на динамичната комуникација меѓу двете земји.

Амбасадорот АлСубуси ја потврди поддршката од неговата земја за развојните процеси и реформските напори на Владата на Република Северна Македонија. Министерот Муцунски изрази благодарност за досегашната успешна соработка и ја нагласи отвореноста за нови иницијативи и партнерства.

Мени за пристапност