Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на министерот Муцунски со амбасадорот на Швајцарската Конфедерација, Кристоф Зомер

Средба на министерот Муцунски со амбасадорот на Швајцарската Конфедерација, Кристоф Зомер

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со амбасадорот на Швајцарската Конфедерација во Скопје, Кристоф Зомер.

На средбата беше изразено заемно задоволство од досегашниот развој на односите меѓу двете пријателски земји, особено од динамичниот политички дијалог и широката секторска соработка во рамките на швајцарската развојна програма. Беше изразена и заедничка заложба за натамошно продлабочување на билатералните односи и унапредување на соработката на високо политичко ниво. Притоа беше нагласена подготвеноста за зајакнување на економските односи, како и за одржување на континуитетот на соработката во рамките на мултилатералните организации.

Соговорниците разменија мислења и за актуелни прашања од доменот на меѓународната и регионалната политика, со посебен осврт на најновите геополитички случувања и ескалацијата на безбедносната состојба во Иран, како и нивното влијание врз поширокиот регион на Блискиот Исток.

Мени за пристапност