Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Н.Е. Метју Лосон.
На средбата се разговараше за реализацијата на стратешкото партнерство меѓу двете земји, како и за натамошно унапредување на билатералните односи. Соговорниците ја потврдија заедничката подготвеност за продлабочување на соработката, со фокус на клучни области од значење за економскиот развој, вклучително инфраструктурата, образованието и здравството, како и други сектори од взаемен интерес.
Во разговорите беше направен осврт и на тековната динамика на односите, при што беше нагласена важноста од нивно континуирано јакнење преку конкретни заеднички иницијативи.
Дополнително, беа разменети мислења за актуелните геополитички предизвици, со особен акцент на состојбите на Блискиот Исток.