Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на министерот Муцунски со извршниот секретар на Европската економска комисија на Обединетите нации (УНЕЦЕ), Татјана Молцеан

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес оствари средба со извршниот секретар на Европската економска комисија на Обединетите нации (УНЕЦЕ), Татјана Молцеан.

На средбата се разговараше за тековните и идните можности за соработка меѓу Северна Македонија и УНЕЦЕ, со акцент на промоција на одржливи економски политики, енергетска транзиција, регионална инфраструктурна поврзаност, како и за проекти во областа на енергетиката и одржливиот развој.

Министерот Муцунски ја истакна посветеноста на државата кон продлабочување на соработката со меѓународните организации и активното учество во иницијативите на УНЕЦЕ.

Татјана Молцеан ја поздрави конструктивната соработка и изрази подготвеност за поддршка на конкретни проекти и програми од заеднички интерес, нагласувајќи ја важноста на партнерството меѓу земјите-членки и УНЕЦЕ за постигнување на долгорочните цели за одржлив развој.

Средбата се одржа во дух на отворен дијалог, со цел поттикнување иницијативи што ќе придонесат за зајакнување на мултилатералната соработка со фокус на европскиот регион.

Мени за пристапност