Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи и иселеништво на Хашемитското Кралство Јордан, Ајман ал-Сафади

Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи и иселеништво на Хашемитското Кралство Јордан, Ајман ал-Сафади

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска, на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, оствари средба со заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи и иселеништво на Хашемитското Кралство Јордан, Ајман ал-Сафади.

На средбата беше потпишан Меморандум за разбирање за одржување политички консултации меѓу двете министерства, со што се создава дополнителна институционална рамка за продлабочување на политичкиот дијалог и редовната комуникација меѓу двете земји.

Соговорниците изразија заемен интерес за натамошно зајакнување на билатералните односи и идентификување нови области од заеднички интерес.

Воедно, стана збор за меѓусебната поддршка и координација во рамки на мултилатералните организации, како значаен сегмент од соработката меѓу двете земји.

Беа разменети мислења и за актуелните регионални и глобални случувања, при што беше нагласено значењето на дипломатијата, редовната комуникација и соработката во справувањето со заедничките предизвици.

Мени за пристапност