Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на државниот секретар, д-р Јовица Палашевски со амбасадорот на Француската Република, Н.Е. г-дин Кристоф Ле Риголер

Средба на државниот секретар, д-р Јовица Палашевски со амбасадорот на Француската Република, Н.Е. г-дин Кристоф Ле Риголер

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, д-р Јовица Палашевски оствари средба со амбасадорот на Француската Република, Н.Е. г-дин Кристоф Ле Риголер.

Соговорниците го поздравија континуираниот политички дијалог и одличните македонско - француски билатерални односи, изразувајќи заедничка подготвеност за натамошно продлабочување на партнерството и соработката.

Државниот секретар Палашевски го истакна значењето на Франција како наш близок партнер, НАТО сојузник и силен поддржувач на нашата европска перспектива и стратешки приоритети.

Посебен фокус во разговорот беше ставен на активностите за јакнење на економската соработка и привлекувањето нови француски инвестиции во нашата земја.

Мени за пристапност