Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на ОАЕ, Тани бин Ахмед Ал Зејуди

Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на ОАЕ, Тани бин Ахмед Ал Зејуди

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на посетата на Обединетите Арапски Емирати денеска оствари средба со министерот за надворешни работи, Тани бин Ахмед Ал Зејуди.

Двајцата соговорници ги потврдија одличните билатерални односи и го истакнаа растечкиот потенцијал за продлабочување на соработката. Посебен акцент беше ставен на економијата, трговијата и инвестициите како приоритетни области за идна соработка.

Министрите ја потврдија подготвеноста на двете држави да ја интензивираат соработката во области од заемен интерес, вклучувајќи инфраструктура, енергетика, туризам и технологија – сектори во кои ОАЕ се препознава како глобален лидер во иновациите.

Тие се согласија дека денешната средба ја отвора вратата за нови инвестиции и заеднички проекти кои значително ќе ја зајакнат економската поврзаност меѓу двете земји.

Мени за пристапност