Од 10-тата средба на Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања (ЗИКЕ), воспоставен во согласност со одредбите на Договорот од Преспа.
Десеттата средба на ЗИКЕ се одржа на 9 декември 2025, преку видеоконференција.
ЗИКЕ ја изрази својата посветеност на обврските утврдени со Договорот од Преспа.
Двете страни разменија наставни програми од основното и средното образование.
Датумот за следната средба на ЗИКЕ во 2026 година ќе биде договорен по дипломатски пат.