Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на министерот Муцунски со шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадор Михалис Рокас

Средба на министерот Муцунски со шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадор Михалис Рокас

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје оствари средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадор Михалис Рокас.

На средбата стана збор за европската интеграција на земјата, реформската агенда и Планот за раст за Западен Балкан, како процеси и инструменти што директно влијаат врз економскиот развој и квалитетот на животот на граѓаните.

Соговорниците го потврдија заедничкиот интерес за натамошна поддршка на реформските процеси, јакнење на институционалните капацитети и доследна примена на европските вредности и стандарди.

Министерот Муцунски ја истакна јасната посветеност на Владата на европскиот процес, нагласувајќи дека полноправното членство во Европската Унија останува стратешка определба на земјата.

На средбата беше изразено задоволство од редовниот и отворен политички дијалог со Европската Унија, како и од континуираната поддршка за реформските процеси во земјата.

Воедно, беа разменети мислења за актуелните случувања на европскиот континент, регионалната стабилност и придонесот на земјата кон пошироката европска безбедност.

Мени за пристапност