Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со делегација на Советодавниот комитет за Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства на Советот на Европа, која во периодот од 28 септември до 2 октомври престојува во Република Северна Македонија, во рамките на редовниот шести евалуациски циклус за имплементацијата на Рамковната конвенција.
На средбата, министерот Муцунски ја нагласи важноста на соработката со меѓународните механизми за човекови права, како и посветеноста на земјата кон имплементацијата на Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства.
Во рамките на посетата, денеска, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија беше организирана и средба со претставници на повеќе надлежни институции од земјата.