Државниот секретар во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, д-р Јовица Палашевски, оствари средба со сенаторот Питер Бем, претседател на Постојаниот сенатски комитет за надворешни работи и меѓународна трговија на Канада.
На средбата беше истакната долгогодишната традиција на пријателски односи меѓу Северна Македонија и Канада и заедничкиот интерес за нивно натамошно унапредување и продлабочување, особено во годината во која се одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји.
Во фокусот беше потенцијалот за интензивирање на економската соработка, зголемување на трговската размена и поттикнување на инвестициите, како и создавање нови можности за поврзување на деловните заедници од двете земји.
Државниот секретар Палашевски ја истакна важноста од почести контакти и посети на високо ниво, како и од поинтензивен политички и парламентарен дијалог, како основа за натамошно зајакнување на партнерството меѓу Северна Македонија и Канада.
Средбата ја потврди заедничката определба за продолжување на политичкиот дијалог и отворање нови можности за практична соработка во области од заемен интерес.