Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на министерот Муцунски со заменик-помошникот на генералниот секретар на НАТО за партнерства, амбасадорот Кевин Хамилтон

Средба на министерот Муцунски со заменик-помошникот на генералниот секретар на НАТО за партнерства, амбасадорот Кевин Хамилтон

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје оствари средба со заменик-помошникот на генералниот секретар на НАТО за партнерства, амбасадорот Кевин Хамилтон, кој престојува во еднодневна работна посета на земјата.

Во фокусот на разговорите беа актуелните состојби на Западен Балкан, регионалната соработка и безбедносните предизвици со кои се соочува регионот, како и улогата и активностите на НАТО, имајќи го предвид неговото стратешко значење за Алијансата.

Министерот Муцунски го нагласи придонесот на земјата во Алијансата и во регионалните иницијативи, како и заедничкиот интерес за стабилноста и безбедноста на регионот и пошироко.

Денешната средба и посетата на амбасадорот Хамилтон се важна можност за натамошно продлабочување на дијалогот со НАТО и размена на мислења за прашања од заемен интерес, со посебен акцент на регионалната стабилност, безбедноста и практичната соработка.

Мени за пристапност