Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Палашевски–Олифант: Продлабочување на политичкиот дијалог и унапредување на економската соработка со Канада

Палашевски–Олифант: Продлабочување на политичкиот дијалог и унапредување на економската соработка со Канада

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, д-р Јовица Палашевски, оствари средба со Роберт Олифант, парламентарен секретар на министерот за надворешни работи на Канада.

На средбата беше нагласено значењето на натамошното зајакнување на пријателските односи меѓу двете земји преку поинтензивен политички дијалог и размена на посети на високо ниво. Во тој контекст, беа разгледани можностите за проширување на соработката во областите од заемен интерес.

Соговорниците разговараа и за унапредување на билатералната договорна рамка, вклучително преку иницирање нови договори, како основа за поблиско институционално поврзување и реализација на конкретни заеднички иницијативи.

Посебно внимание беше посветено на унапредувањето на економската соработка, зголемувањето на трговската размена и привлекувањето канадски инвестиции во земјата. Инвестицијата на „Магна“ беше истакната како позитивен пример, а беше разгледана и можноста за организирање бизнис-форум со цел воспоставување нови деловни партнерства и претставување на инвестициските можности.

Беа разменети мислења и за актуелните глобални безбедносни предизвици, при што беше нагласено значењето на сојузничката соработка за зачувување на безбедноста и стабилноста во евроатлантскиот простор.

Мени за пристапност