Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на министерот Муцунски со Советот на странски инвеститори

Средба на министерот Муцунски со Советот на странски инвеститори

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари работна средба со Советот на странски инвеститори, на која беа разгледани клучни прашања поврзани со унапредувањето на инвестициската клима и зајакнувањето на извозниот потенцијал на македонската економија.

На средбата се разговараше за формите на институционална поддршка на постојните странски инвестиции, можностите за привлекување нови инвеститори, како и за мобилизирање на постојните и создавање нови извозни капацитети, со цел поттикнување на извозно ориентирани компании.

Министерот Муцунски истакна дека државата, преку Владата, Министерството и надлежните институции, е активен и одговорен партнер на стопанството и бизнис-секторот, при што дипломатско-конзуларните претставништва се целосно ставени во функција на економската дипломатија и поддршката инвестициите.

Беше изразена заедничка подготвеност за реализација на конкретни активности во наредниот период, со цел остварување на утврдените приоритети и зајакнување на економскиот раст.

Мени за пристапност