Денес министерот за надворешни рабoти и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во Скопје оствари средба со Ким Донгбае, вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Кореја со седиште во Софија.
На средбата беше изразено задоволство од позитивниот тренд во соработката меѓу двете држави по воспоставувањето на дипломатските односи во 2019 година, како и потенцијалите за понатамошен развој. Беше нагласена политичката волја и подготвеноста за унапредување на политичкиот дијалог и продлабочување на билатералната соработка во сите сфери од заемен интерес, со акцент на економската област.
Разменети беа и мислења за актуелните случувања и предизвици, при што беше потенцирана цврстата определба на двете земји за понатамошно зајакнување на соработката и придонес кон мирот, безбедноста и просперитетот на глобално ниво.