Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на заменик министерот Димитровски со Мелита Груевска Грахам, специјалниот претставник на Меѓународниот центар за развој на миграциските политики (ICMPD) за Западен Балкан

Средба на заменик министерот Димитровски со Мелита Груевска Грахам, специјалниот претставник на Меѓународниот центар за развој на миграциските политики (ICMPD) за Западен Балкан

Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, вчера оствари средба со специјалниот претставник на ICMPD за Западен Балкан, Мелита Груевска Грахам.

На средбата беа разменети мислења за актуелните миграциски текови, можностите за понатамошно унапредување на соработката со ICMPD, како и за идните заеднички активности насочени кон унапредување на институционалната подготвеност и ефикасноста во справувањето со миграциските предизвици.

Соговорниците ја потврдија заложбата за продолжување на успешната соработка и реализација на проекти од заемен интерес.

Посебно внимание беше посветено на значењето на регионалната соработка во справувањето со миграциските предизвици, како и на потребата од развој на одржливи и ефикасни политики во областа на миграцијата и мобилноста.

Во таа насока, заменик министерот Димитровски ја истакна важноста на експертската поддршка, размената на добри практики и натамошното продлабочување на партнерството со Меѓународниот центар за развој на миграциската политика, особено во однос на унапредувањето на националните политики во оваа област и нивното усогласување со современите европски стандарди.

Мени за пристапност