Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на заменик министерот Димитровски со пратеникот во романскиот Парламент и претставник на македонското национално малцинство во Романија, Јонел Станку

Средба на заменик министерот Димитровски со пратеникот во романскиот Парламент и претставник на македонското национално малцинство во Романија, Јонел Станку

Денеска, во рамки на учеството на состанокот на министрите за надворешни работи на Централно-европската иницијатива, што се одржува во Букурешт, заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, оствари средба со Јонел Станку, пратеник во романскиот Парламент и претставник на македонското национално малцинство во Романија.

На средбата, заменик министерот Димитровски го истакна задоволството од развојот на билатералните односи и соработката меѓу двете земји, како и од нивната соработка во рамки на регионалните организации. Во разговорот беше посветено внимание и на положбата и активностите на македонската заедница во Романија, при што Димитровски ја истакна важноста од континуирано зачувување, негување и промоција на македонскиот идентитет, јазик, традиција и културно наследство.

Пратеникот Станку ги претстави активностите на Асоцијацијата на Македонците во Романија, кои се насочени кон припадниците на македонската заедница од сите генерации и се реализираат преку нејзината развиена мрежа на локални филијали. Притоа, ја истакна посветеноста на Асоцијацијата на унапредувањето на социјалната интеграција, заштитата на правата на националното малцинство, како и зајакнувањето на пријателските врски и соработката меѓу двете земји.

Соговорниците разменија мислења и за актуелните состојби во регионот и пошироко, како и за можностите за натамошно продлабочување на соработката во областите од заемен интерес. Заменик министерот Димитровски изрази благодарност за континуираната романска поддршка за европската интеграција на нашата земја, изразувајќи очекување таа да продолжи и во иднина.

Мени за пристапност