Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски со Данило Рици, регионален претставник за Југоисточна Европа на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC)

Средба на заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски со Данило Рици, регионален претставник за Југоисточна Европа на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC)

Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, денеска оствари работна средба со Данило Рици, регионален претставник за Југоисточна Европа на Канцеларија на Обединетите нации за дрога и криминал.

На средбата беше разговарано за заедничките предизвици со кои се соочуваме во борбата против транснационалниот организиран криминал, како и за можностите за натамошно унапредување на соработката во справувањето со трговијата со дрога, корупцијата и сродните криминални дејства, како и со комплексните предизвици што ги носат новите технологии.

​„Со оглед на специфичната географска положба на нашата држава како крстопат во регионот, подложни сме на бројни предизвици во областа на прекуграничниот криминал, што бара продлабочена регионална и поширока мултилатерална соработка, вклучително и со Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал“ – нотираше Димитровски, кој воедно истакна позитивни примери на соработка во оваа област.

​Размената на мислења и искуства ја потврдија заемната посветеност кон понатамошно зајакнување на соработката, како и нашите заложби за сузбивање на транснационалниот криминал што во денешно време се развива и во нови димензии.

Мени за пристапност