Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски со делегираниот министер задолжен за Франкофонија и конгоанската дијаспора на Демократска Република Конго, Криспин Мбаду

Средба на заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски со делегираниот министер задолжен за Франкофонија и конгоанската дијаспора на Демократска Република Конго, Криспин Мбаду

Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, денеска оствари средба со делегираниот министер на Демократска Република Конго задолжен за Франкофонија и конгоанската дијаспора, г. Криспин Мбаду. Конгоанскиот функционер е во посета на нашата земја, со цел претставување на кандидатурата на ДР Конго за позицијата Генерален секретар на Меѓународната организација на Франкофонијата за мандатот 2027 – 2030 година. 

На средбата беа разменети мислења за можностите за развивање на билатералните односи, со посебен акцент на мултилатералната соработка. Беше поздравен актуелниот мандат на ДР Конго како непостојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации за периодот 2026 – 2027 година и беа разменети мислења за области во кои македонската и конгоанската страна би можеле да  развиваат поголема комуникација и координација во рамките на ОН и другите мултилатерални форуми. Се разговараше и за можностите за економска и секторска соработка, особено во областите на рударството, енергетиката, земјоделството, дигитализацијата и образованието.

Делегираниот министер Мбаду ја претстави кандидатурата на г-ѓа Жулиана Амато Лумумба за позицијата Генерален секретар на Меѓународната организација на Франкофонијата за мандатот 2027 – 2030 година. Изборот на нов Генерален секретар е предвидено да се одржи во рамките на 20. Самит на Франкофонијата,кој ќе се одржи во Пном Пен, Камбоџа, во ноември 2026 година.

Заменик министерот Димитровски се осврна на значењето кое нашата земја како полноправна членка го придава на улогата на Меѓународната организација на Франкофонијата како платформа за политички дијалог, соработка, солидарност и размена меѓу нејзините членки, како и за промовирање на мирот, одржливиот развој, образованието и културната и јазичната разновидност.

На средбата беа разменети мислења и за регионалните состојби на Западен Балкан и во регионот на Големите Езера, при што беше нагласена важноста на дипломатските напори за постигнување мир и стабилност во источниот дел на ДР Конго.

Мени за пристапност