Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски со директорката на Меѓународната организација на трудот за Централна и источна Европа, Клер Харасти

Средба на заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски со директорката на Меѓународната организација на трудот за Централна и источна Европа, Клер Харасти

Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, оствари работна средба со Клер Харасти, директорка на Меѓународната организација на трудот за Централна и Источна Европа во рамки на нејзината посета на земјата.


На средбата беше реафирмирано долгогодишното партнерство меѓу двете страни, со посебен акцент на улогата на економската дипломатија во унапредувањето на работничките права и привлекувањето на одговорни странски инвестиции.


,,Нашата соработка добива поинаква димензија со денешното потпишување на новата Национална програма за достоинствена работа 2026–2030 година”, истакна Димитровски, потенцирајќи дека значењето на истата се огледа во фактот дека се работи за функционален трипартитен консензус кој ја демонстрира социјалната стабилност и демократската зрелост на земјата.


Во фокусот на дискусијата беше и посветеноста на Владата за заштитата на пазарот на труд од „одливот на мозоци“, поддршката за младите преку Гаранцијата за млади, како и заедничките проекти со ЕУ за безбедност и здравје при работа како клучни столбови во исполнувањето на стандардите од Поглавјето 19 во рамки на евроинтегративниот процес на земјата.

Мени за пристапност