Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Заменик министерот Димитровски ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Кралството Саудиска Арабија, Турки Ибрахим ал-Мади

Заменик министерот Димитровски ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Кралството Саудиска Арабија, Турки Ибрахим ал-Мади

Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, денеска ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот нерезидентен амбасадор на Кралството Саудиска Арабија во Република Северна Македонија, Турки Ибрахим ал-Мади.

На средбата беше изразена подготвеност за натамошно унапредување на билатералните односи, со посебен акцент на политичкиот дијалог, економската соработка и размената на посети на високо ниво. Беше поздравена и неодамнешната одлука на Кралството Саудиска Арабија за вклучување на нашата земја на листата на земји чии државјани имаат право на добивање туристичка е-виза, како значаен чекор за олеснување на патувањата и зајакнување на контактите меѓу граѓаните и деловните заедници.

Во однос на регионалните состојби, заменик министерот Димитровски ја изрази нашата поддршка за Кралството Саудиска Арабија во напорите за заштита на нејзината безбедност и суверенитет, осудувајќи ги нападите и насилството од страна на Хутите, кои ја загрозуваат безбедноста на населението и регионалната стабилност.

Заменик министерот Димитровски му посака успешен мандат и плодна дипломатска ангажираност, изразувајќи уверување дека неговата работа ќе придонесе за продолжување на конструктивниот дијалог и продлабочување на пријателските односи и соработката меѓу двете земји.

Мени за пристапност