Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

СРЕДБА НА ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗОРАН ДИМИТРОВСКИ СО ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ И МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА НА ИТАЛИЈА, ЕДМОНДО ЧИРИЕЛИ

СРЕДБА НА ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗОРАН ДИМИТРОВСКИ СО ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ И МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА НА ИТАЛИЈА, ЕДМОНДО ЧИРИЕЛИ

Заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, денес, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, оствари средба со заменик-министерот за надворешни работи и меѓународна соработка на Италијанската Република, Едмондо Чириели.

На средбата беа потврдени одличните и традиционално пријателски односи меѓу двете земји, засновани на повеќе децениско партнерство, интензивен политички дијалог и взаемна доверба. 

Димитровски ја истакна Италија како наш стратешки европски сојузник и ја нагласи подготвеноста за понатамошно продлабочување на билатералната соработка, особено во економијата, образованието и културата.

Во фокусот на разговорите беше и евроинтегративниот процес на нашата земја. Димитровски упати искрена благодарност за континуираната и принципиелна поддршка од Италија, вклучително и за нејзината активна улога во рамките на групата „Пријатели на Западен Балкан“. 

Заменик - министерот Чириели ја потврди поддршката на Италија за пристапувањето на нашата земја во Европската Унија и подготвеноста таа поддршка да продолжи и во наредниот период.

Соговорниците разговараа и за можностите за интензивирање на билатералната развојна соработка, при што ја истакнаа важноста на италијанската поддршка за развојните проекти во земјата и ја потврдија подготвеноста за натамошна соработка преку искористување на инструментите на Европската Унија и заеднички развојни иницијативи.

Средбата заврши со потврда на заедничката посветеност за натамошно продлабочување на партнерството и градење силни и стабилни односи меѓу двете земји и во иднина.

Мени за пристапност