Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на ЗМНР, Димитровски со претседателката на 80-тата сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, Баербок

Средба на ЗМНР, Димитровски со претседателката на 80-тата сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, Баербок

Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Зоран Димитровски, денеска во Њујорк, оствари средба со претседателката на 80-тата сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, Ана Лена Баербок. 

На средбата беа разменети мислења за актуелните глобални предизвици и за улогата на Обединетите нации во зајакнувањето на мултилатерализмот, одржливиот развој и меѓународната соработка. Димитровски ја реафирмираше силната посветеност на Република Северна Македонија кон принципите на Повелбата на ОН и поддршката за ефективен, инклузивен и функционален мултилатерален систем.

Во разговорот тој посочи дека современиот свет се соочува со сериозни предизвици, вооружени конфликти, природни катастрофи, растечка нееднаквост и кршење на меѓународното право, што наметнува потреба од посилна и поефикасна глобална соработка. Во таа насока беше истакната важноста од продлабочени реформи во системот на ОН, поголема транспарентност и инклузивност во процесите на одлучување, како и засилена способност на организацијата да одговори на заканите по мирот, одржливиот развој и човековите права.

Осврнувајќи се на европската перспектива на државата, Димитровски нагласи дека Северна Македонија останува цврсто посветена на реформите поврзани со процесот на пристапување во Европската Унија и на целосна усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ. Тој посочи дека македонското општество има јасна проевропска ориентација, додека Владата е фокусирана на спроведување на реформите, со очекување процесот на проширување да се одвива на јасен, кредибилен и предвидлив начин.

Претседателката Баербок, нагласи дека во својот сегашен капацитет, но и како поранешна министерка за надворешни работи на Германија, доследно ја поддржува визијата за обединета Европа заснована на мир и меѓусебна доверба. Таа подвлече дека интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Европската Унија е од суштинско значење за обезбедување долгорочна стабилност, безбедност и економски напредок во регионот.

Во разговорот беа разгледани и приоритетите на претседателството на Баербок со 80-тата сесија на Генералното собрание на ОН, при што беше истакната потребата од засилена соработка меѓу земјите членки во справувањето со глобалните предизвици, вклучително одржливиот развој, климатските промени и заштитата на меѓународниот мир и безбедност.

Мени за пристапност