Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Телефонски разговор на министерот Муцунски со државниот министер за надворешни работи на Катар, Султан бин Саад Ал Мураихи

Телефонски разговор на министерот Муцунски со државниот министер за надворешни работи на Катар, Султан бин Саад Ал Мураихи

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево оствари телефонски разговор со државниот министер за надворешни работи на Државата Катар, Султан бин Саад Ал Мураихи.

Во разговорот, министерот Муцунски го осуди отворениот ирански напад насочен кон територијата на Катар, оценувајќи го како сериозна повреда на принципите на меѓународното право, вклучително и почитувањето на државниот суверенитет и територијалниот интегритет. Тој изрази цврста солидарност и целосна поддршка кон Катар, потврдувајќи ја поддршката за мерките и одлуките преземени со цел заштита на безбедноста и стабилноста на државата.

Министерот Муцунски нагласи дека во услови на зголемени регионални тензии неопходни се воздржаност, одговорност и засилен дипломатски ангажман, со цел спречување понатамошна ескалација и зачувување на мирот и стабилноста во регионот.

Мени за пристапност