Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Телефонски разговор на министерот Муцунски со новоименуваната министерка за надворешни работи на Република Бугарија, Надежда Нејнски

Телефонски разговор на министерот Муцунски со новоименуваната министерка за надворешни работи на Република Бугарија, Надежда Нејнски

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утрово оствари телефонски разговор со новоименуваната министерка за надворешни работи на Република Бугарија, Надежда Нејнски.

Министерот Муцунски упати искрени честитки по повод нејзиното именување и ѝ посака успех во извршувањето на функцијата.

Во рамки на разговорот, тој нагласи дека односите меѓу двете земји треба да се градат врз принципите на добрососедство, пријателство и конструктивна соработка.

Воедно, беше иницирана билатерална средба меѓу двајцата министри, која би се реализирала во наредниот период.

Мени за пристапност