Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Тениски турнир „Business meets Diplomacy“ по повод Денот на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и Денот на Европа

Тениски турнир „Business meets Diplomacy“ по повод Денот на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и Денот на Европа

Тениски турнир „Business meets Diplomacy“ по повод Денот на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и Денот на Европа

По повод одбележувањето на Денот на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и Денот на Европа, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, во коорганизација со Тениската федерација на Северна Македонија, на 10 мај, на терените на ТК „Југ“ – Скопје, го организираше дипломатскиот тениски турнир „Business meets Diplomacy“.

Спортско-дипломатскиот и бизнис настан се одржа под покровителство на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, д-р Тимчо Муцунски, кој заедно со претседателот на Тениската федерација, Александар Ивановски, се обратија пред учесниците и гостите и официјално го отворија турнирот.

На тенискиот турнир учествуваа повеќе амбасадори и дипломатски претставници на резидентните дипломатски и конзуларни претставништва од Шпанија, БиХ, Словенија, Казахстан, Словачка, Швајцарија и САД, претставници на меѓународни организации во земјата, на македонски банки и компании, како и дипломати од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

По завршувањето на натпреварувачкиот дел од турнирот, наградите на победниците и на останатите учесници ги доделија заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, спортскиот директор на Тениската федерација, Горан Шевченко, и претставник на „Порше Македонија“.

Спортско-дипломатскиот настан беше овозможен со поддршка на неколку општествено одговорни компании, меѓу кои „Порше Македонија“, АД „Алкалоид“, АМСМ, АД „Тиквеш“, „Цептер Интернационал“, „Скопска пивара“, „Триглав“, „УНИ Банка“ и ТК „Југ“.

Организирањето на ваков вид спортско-дипломатски настани придонесува за унапредување на спортската и бизнис дипломатијата, промоција на тенискиот спорт и здравите навики, како и за зајакнување на соработката и комуникацијата меѓу владините институции, дипломатскиот кор, спортските организации, спортистите и бизнис заедницата.

Мени за пристапност