Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Учество на заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски на панел дискусија посветена на информациската безбедност и регионалната отпорност на Западен Балкан

Учество на заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски на панел дискусија посветена на информациската безбедност и регионалната отпорност на Западен Балкан

Во организација на Институтот Аспен Германија (Aspen Institute Germany) и во соработка со Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, во периодот од 18 до 20 ноември 2026 година, во Скопје се одржува конференцијата посветена на безбедноста на Западен Балкан.

Во рамките на конференцијата, заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, се обрати на панел-дискусијата на тема:„Информациска безбедност и интегритет".

Во своето обраќање, Димитровски се осврна на актуелните предизвици во областа на информациската безбедност, вклучително и дезинформациите, хибридните закани и сајбер-безбедноста, споделувајќи согледувања засновани како на своето долгогодишно новинарско искуство, така и од перспективата на неговата актуелна функција.

Посебно ја истакна важноста на медиумската и дигиталната писменост, со акцент на потребата од континуирана едукација и сензибилизација на младите за препознавање на лажни вести, манипулативни содржини и странско манипулирање со информации и влијание (FIMI), како важен предуслов за нивна заштита од информациски манипулации и за развивање критички однос кон содржините со кои секојдневно се соочуваат.

Притоа, ја истакна потребата од координиран и сеопфатен пристап, насочен кон зајакнување на институционалните капацитети, размена на информации и искуства и продлабочување на регионалната соработка. Потврди дека нашата држава останува посветена на активен придонес кон зајакнувањето на регионалната отпорност и безбедност, во соработка со партнерите од регионот и пошироката меѓународна заедница.

Посебен акцент беше ставен на определбата на нашата земја за активно придонесување кон регионалната стабилност и безбедност, во тесна соработка со партнерите од регионот и меѓународната заедница.

Мени за пристапност