Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на заменик министерот Димитровски со новоименуваната амбасадорка на Република Естонија, Јана Ванамолдер

Средба на заменик министерот Димитровски со новоименуваната амбасадорка на Република Естонија, Јана Ванамолдер

На 19 ноември 2026 година, заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваната вонредна и ополномоштена амбасадорка на Република Естонија во Република Северна Македонија, со седиште во Будимпешта, Јана Ванамолдер.

На средбата беше изразено заемно задоволство од традиционално добрите и пријателски односи меѓу двете земји, засновани врз континуиран политички дијалог, соработка во рамките на НАТО и заедничка посветеност на европските вредности.

Соговорниците разменија мислења за актуелните билатерални и регионални прашања и ги разгледаа можностите за натамошно унапредување на соработката во областите од заемен интерес, особено во дигиталната трансформација, сајбер-безбедноста, економијата, образованието и јавната администрација.

Заменик министерот Димитровски ѝ посака успешен мандат на амбасадорката Ванамолдер, изразувајќи уверување дека за време на нејзиниот мандат ќе продолжат да се развиваат пријателските односи и ќе се продлабочува соработката меѓу двете земји.

Мени за пристапност