Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, денеска во просториите на Министерството прими висока владина делегација од Република Узбекистан, во рамки на нивната студиска посета на нашата земја.

Заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, денеска во просториите на Министерството прими висока владина делегација од Република Узбекистан, во рамки на нивната студиска посета на нашата земја.

Студиската посета, поддржана од Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ), има за цел запознавање со политиките и практичните искуства на Република Северна Македонија во областа на привлекувањето странски директни инвестиции, развојот на индустриските зони како и зајакнувањето на врските меѓу образованието, иновациите и индустријата.

Во рамки на средбата беа разменети мислења за економските потенцијали на нашата држава и можностите за унапредување на билатералната економска соработка, со посебен акцент на надворешната трговија, инвестициите и улогата на економската дипломатија. Притоа, беше истакнато дека земјата нуди стабилна и предвидлива деловна средина, поволна трговска рамка и отвореност кон соработка со партнерски држави од различни региони на светот.

Заменик министерот Димитровски, нагласи дека Министерството за надворешни работи и надворешна трговија активно работи на диверзификација на надворешно трговските односи и на јакнење на економската соработка со земјите од Азија, вклучително и со Република Узбекистан, како значаен партнер во регионот на Централна Азија.

„Ние ја препознаваме важноста на соработката со азиските земји како дел од својата поширока стратегија за унапредување на надворешната трговија и економската дипломатија. Преку размена на искуства и воспоставување конкретни деловни контакти, создаваме основа за нови можности за соработка од заемен интерес“, истакна заменик министерот.

Во продолжение на посетата, претставници на Директоратот за економска дипломатија при Министерството ги запознаа членовите на делегацијата со надлежностите и инструментите на овој сегмент од работата на Министерството, со фокус на поддршката на странските инвеститори, промоцијата на извозот и унапредувањето на економските односи со странските пазари.

Мени за пристапност