Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со амбасадорот на Република Турција, Фатих Улусој.
Соговорниците ги истакнаа одличните односи меѓу двете држави и високото ниво на политичка соработка на билатерално ниво. Во фокусот на разговорите беше искористувањето на потенцијалите за натамошно интензивирање на економската соработка, билатералната трговија и инвестициите.
Министерот Муцунски и амбасадорот Улусој ја потврдија и одличната соработка и меѓусебната поддршка во рамките на регионалните и мултилатералните формати, со посебен акцент на важноста од стабилен и просперитетен Балкан.