Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски во посета на нашиот Почесен Конзулат во Мурска Собота 

Заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски во посета на нашиот Почесен Конзулат во Мурска Собота 

Во рамки на работната посета на Република Словенија, на 15 октомври 2026 година, заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, присуствуваше и се обрати на свеченото отворање на новите простории на нашиот Почесен конзулат во Република Словенија, со седиште во Мурска Собота, предводен од почесниот конзул Штефан Павлињек. 

Во своето обраќање, Димитровски ги истакна традиционално пријателските и партнерски односи меѓу Северна Македонија и Словенија, нагласувајќи ја улогата на Почесниот конзулат во одржувањето и натамошното унапредување на билатералните врски, особено во областа на економската соработка и културната размена.

„Словенија е искрен пријател и докажан партнер на нашата држава. Новите простории на Почесниот конзулат претставуваат дополнителен поттик за јакнење на врските меѓу нашите институции, бизнис-заедници и граѓани“, нагласи Димитровски. 

Тој упати благодарност до почесниот конзул Павлињек за неговата посветеност во унапредувањето на билатералните односи, како и за придонесот во развојот на економската соработка меѓу двете земји преку деловните иницијативи и инвестиции поврзани со нашата држава. 
Воедно беше истакната и неговата активна поддршка на нашата заедница во Словенија, како и неговите напори за промоција на македонската култура и традиција пред словенечката јавност. 

На свеченоста, покрај почесниот конзул Штефан Павлињек, присуствуваа поранешниот министер за кохезија и регионален развој на Република Словенија, Александер Јевшек, градоначалникот на Мурска Собота, Дамјан Анжељ, претставници на локалната самоуправа, стопанството, верските заедници и бројни гости.  

Заменик-министерот Димитровски изрази уверување дека Почесниот конзулат во Мурска Собота ќе продолжи да биде важен мост на пријателство, соработка и меѓусебно разбирање меѓу двете земји, придонесувајќи за натамошен развој на политичките, економските и културните врски меѓу двете пријателски земји.

Мени за пристапност