Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба: Димитровски - Маркуш

Средба: Димитровски - Маркуш

Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски, денес оствари средба со амбасадорот на Република Словачка во земјава, Хенрик Маркуш. 

 

Заеднички беше констатирано одлично ниво и соработка кои двете земји ги негуваат изминатите 30 години.  

 

Заменик министерот Димитровски се заблагодари за силната и континуирана словачка поддршка за нашата евро-интеграција, изразувајќи убеденост дека во претстојниот период двете држави ќе ги интензивираат активностите со цел успешно и забрзано финализирање на ЕУ процесот.    

 

Амбасадорот Маркуш увери дека евроинтеграциските процеси на нашата земја, продлабочувањето на билатерални релации и засилувањето на економските врски и во иднина ќе останат во фокусот на Словачка.

Мени за пристапност