Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на министерот Муцунски со амбасадорот на Португалската Република, Жозе Руи Велез Каросо

Средба на министерот Муцунски со амбасадорот на Португалската Република, Жозе Руи Велез Каросо

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска на средба го прими амбасадорот на Португалската Република, Жозе Руи Велез Каросо , со седиште во Белград.

На средбата беше заеднички констатирано дека билатералните односи меѓу Северна Македонија и Португалија се пријателски и стабилни, со јасна определба за нивно натамошно унапредување. Двајцата соговорници разменија мислења за тековните прашања од регионален и глобален карактер, како и за можностите за унапредување на соработката во рамките на мултилатералните организации.

 

Министерот Муцунски изрази благодарност за досегашната поддршка од страна на Португалија во процесот на евроинтеграција на нашата земја. Амбасадорот Руи Велез Каросо ја потврди подготвеноста на неговата земја за натамошно зајакнување на партнерските односи и соработката во сите области од заеднички интерес.

 

Особено беше нагласена важноста од блиската соработка во рамките на НАТО Алијансата и заедничките напори за зачувување на регионалната и европската стабилност, безбедност и просперитет.

Мени за пристапност