Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Државниот секретар Јовица Палашевски, денес оствари средба со амбасадорката на Украина во Скопје, Лариса Дир

Државниот секретар Јовица Палашевски, денес оствари средба со амбасадорката на Украина во Скопје, Лариса Дир

Државниот секретар Јовица Палашевски, денес оствари средба  со амбасадорката на Украина во Скопје, Лариса Дир.

На средбата беа разменети мислења за актуелните аспекти на билатералната соработка меѓу двете пријателски земји, при што амбасадорката Дир изрази благодарност за досегашната соработка и за континуираната поддршка што Северна Македонија ѝ ја обезбедува на Украина.

Државниот секретар Палашевски ја реафирмираше нашата силна и принципиелна поддршка за Украина, нагласувајќи дека земјата и понатаму ќе продолжи да се приклучува и активно да учествува во меѓународните иницијативи и платформи за помош на Украина, согласно реалните можности и расположливите капацитети.

Соговорниците разменија мислења и за можностите за учество на високи државни претставници од нашата земја на претстојните меѓународни настани, посветени на обезбедување помош за Украина.

Од двете страни беше потврдена подготвеноста за продолжување на редовната комуникација и за натамошно унапредување на севкупната соработка помеѓу двете земји.

Мени за пристапност