Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски со регионалниот директор за Европа и Централна Азија на Меѓународната организација за миграции, Артур Еркен

Средба на заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски со регионалниот директор за Европа и Централна Азија на Меѓународната организација за миграции, Артур Еркен

Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, денеска оствари работна средба со Артур Еркен, регионален директор за Европа и Централна Азија при Меѓународната организација за миграции.

На средбата беше потенцирана досегашната одлична соработка, со посебен акцент на поддршката од страна на Организацијата во процесите на зајакнување на националните институционални капацитети за одржливо менаџирање на миграциските операции.

 ,,Глобалниот компакт за безбедна, уредна и легална миграција (GCM) даде силен поттик во создавањето на клучните национални стратегии, вклучувајќи ја Резолуцијата за миграциска политика (2021-2025) и Националната стратегија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција”, истакна Димитровски, потврдувајќи ја посветеноста на нашата земја на принципите на истиот.

Заменик министерот Димитровски информираше дека ефикасното управување со миграцијата по должина на Балканската рута, останува приоритет на Владата, со особен фокус врз безбедноста на границите, спречувањето на илегалните преминувања и намалувањето на ризиците по животот и здравјето на мигрантите.

На крајот од средбата, двете страни се согласија дека јакнењето на прекуграничната соработка, ефикасните механизми за реадмисија и споделената одговорност се важни компоненти на заедничките напори за успешно соочување со современите глобални миграциски предизвици.

Мени за пристапност