Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерот Муцунски ги прими копиите од акредитивните писма на новиот вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Чешка, Ирена Гетзова

Министерот Муцунски ги прими копиите од акредитивните писма на новиот вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Чешка, Ирена Гетзова

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Чешка во Република Северна Македонија, Ирена Гетзова.

Министерот Муцунски ѝ посака успешна дипломатска мисија, во духот на одличните билатерални односи, цврсто изграденото пријателство и блиското сојузништво што двете држави го негуваат, како билатерално, така и во рамките на повеќе меѓународни и мултилатерални организации.

Двајцата соговорници заеднички оценија дека македонско-чешките односи се одликуваат со високо ниво на политички дијалог, пријателство и меѓусебна поддршка. Притоа, беше изразен заемен интерес за дополнително продлабочување на економската соработка, зголемување на трговската размена и привлекување нови чешки инвестиции во земјата.

Министерот Муцунски и амбасадорката Гетзова се осврнаа и на европската перспектива на Република Северна Македонија, натамошните чекори во процесот на пристапување кон Европската Унија, како и на реформските процеси и прашањата што остануваат клучни за напредокот на земјата кон остварување на стратешката цел, полноправно членство во ЕУ.

Мени за пристапност